• вторник, 14 мај 2024

Ректорот на УКЛО-Битола Игор Неделковски на меѓународна конференција во Белград

Ректорот на УКЛО-Битола Игор Неделковски на меѓународна конференција во Белград

Битола, 23 ноември 2022 (МИА)Ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола Игор Неделковски и претседателот на универзитетскиот Сенат, Пеце Николовски, вчера и денеска учествуваа на конференцијата „Размисли и делувај, дијалог во Белград: Универзитетите како двигатели на одржливоста“.

Од УКЛО - Битола соопштија дека на дводневната средба, ректори и други раководни кадри на универзитетите од поширокиот регион дискутирале за активно учество на локално и глобално ниво во решавањето на актуелни проблеми, преиспитување на своите стратегии и усогласување на активностите со целите за одржлив развој на Обединетите Нации.

Конференцијата во Србија, организирана од Универзитетот во Белград и Хамболт универзитетот во Берлин, е поддржана од германската служба за академска размена, ДААД и германското Сојузно Министерство за надворешни работи. мт/сст/

Остани поврзан