• петок, 05 декември 2025

Реконструкција на улица „30“ во населба Илинден

Реконструкција на улица „30“ во населба Илинден

Скопје, 13 ноември 2025 (МИА) - Во рамки на Програмата за реконструкција, рехабилитација и изградба на локални улици и патишта Општина Илинден работи на комплетна реконструкција на улица „30“ во населба Илинден, во местото викано Плац.

Како што посочуваат од општината, станува збор за улица во должина од 600 метри и широчина од 4 метри на асфалтната конструкција со што ќе се изврши комплетна реконструкција на улицата.

Според градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој денес направи увид во текот на активностите на терен, реконструкцијата на оваа улица беше неопходна поради оштетувањата на улицата кои се направија при изградбата на примарната мрежа од фекална канализација на овој дел од населеното место Илинден. Градоначалникот додаде дека на подобрувањето на патната и комуналната инфраструктура во општина Илинден се посветува големо внимание, од причина што е важен сегмент за квалитетот на живот на жителите.

Финансиските средства се целосно обезбедени од буџетот на Општина Илинден, а во наредниот период, според најавите од локалната самоуправа, ќе се продолжи со подобрување на патната инфраструктура и во другите делови на територија на општина Илинден.вј/

Фото: Општина Илинден

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан