• петок, 12 јули 2024

Реконструкција на тротоари и жардинерии во Неготино

Реконструкција на тротоари и жардинерии во Неготино
Неготино, 18 август 2021 (МИА) - Во тек е реконструкција на тротоари и жардинери во Неготино, информираат од локалната самоуправа. - Се врши реконструкција на жардинерии и тротоар  на улица „Маршал Тито” и тротоар од западен излез од град Неготино, од ОУ „Гоце Делчев", до крајот на зградите Неготинки, со планиран систем на наводнување - капка по капка и хортикултурно уредување. Сето тоа  ќе го оплемени просторот и ќе ја подобри естетската слика во тој дел од градот, велат од Општината. Најавуваат и низа други проекти во урбаните и месните заедници. свд/цр

Остани поврзан