• петок, 05 декември 2025

Реконструкција на сервисните улици во кругот на Општата болница во Охрид

Реконструкција на сервисните улици во кругот на Општата болница во Охрид

Охрид, 1 јули 2025 (МИА) – По налог на Општина Охрид во тек се градежни активности за санирање ударни дупки и асфалтирање асфалтирање на улицата пред комерцијалната зграда во кругот на Општата болница во градот.

Како што соопштија од дирекцијата на болницата, со односните активности се решава проблем што подолго време ги засегаше како пациентите, така и вработените во здравствената установа.

Притоа се спроведени активности за интервентна санација на ударните дупки во болничкиот круг, а целосно е асфалтирана сервисната улица пред комерцијалната зграда во која покрај техничките служби се сместени и одделенијата за радиологија, физикална медицина, трансфузиологија и биохемиска лабораторија.

Вршителот на должноста директор, Горан Маркоски, изрази благодарност до Општина Охрид и градоначалникот Кирил Пецаков со чија помош и поддршка се реализира овој проект. аб/дма/

фото: Општа болница Охрид

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан