• недела, 14 јули 2024

Регионални синдикални спортски игри на СОНК во Делчево

Регионални синдикални спортски игри на СОНК во Делчево

Делчево, 13 јуни 2024 (МИА) - Делчево денеска беше домаќин на Регионалните синдикални спортски игри на СОНК. На игрите учествуваа учесници од општините Делчево, Берово, Пехчево и Македонска Каменица, кои се натпреваруваа во повеќе спортски дисциплини.

-Денеска Регионалниот одбор на СОНК Делчево организираше Регионални синдикални игри. Имаше учесници од Делчево, Берово, М.Каменица и Пехево кои се натпреваруваат во 4 спортови меѓу кои шах, пикадо, табла и пинг-понг. Првите места кои ќе бидат освоени ќе учествуваат на Државниот синдикален натпревар во Струга, а од овој регион ќе  имаме 8 претставници, истакна Драги Стоилов, претседател на Регионалниот одбор на СОНК.

Ова е втора година по ред како се организираат игрите и според претставникот на СОНК, најважна е дружбата меѓу колегите од регионот.

-Јас сум задоволен што денес е поголем бројот на учесници од ланската година. Се надевам дека од година во година ќе биде поголем бројот, бидејки главната цел и основна причина за сето тоа е здруженоста сплотеноста и колегијалноста меѓу самите учесници, додаде Стоилов .

На Регионалните синдикални Спортски игри на СОНК учествуваа вработени во институции од областа на куктурата, средното и основното образование како и детските градинки. вс/са/


Фото: МИА

Остани поврзан