Регионалните случуања во фокусот на средбата Гутереш – Мицотакис во Њујорк
- Меѓународните и регионалните случувања, приоритетите на Грција за време на нејзиниот мандат во Советот за безбедност на ОН, но и кипарското прашање биле во фокусот на средбата на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис со генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш во Њујорк, јави дописничката на МИА од Атина.
Атина, 21 мај 2025 (МИА) – Меѓународните и регионалните случувања, приоритетите на Грција за време на нејзиниот мандат во Советот за безбедност на ОН, но и кипарското прашање биле во фокусот на средбата на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис со генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш во Њујорк, јави дописничката на МИА од Атина.
Како што информираа од кабинетот на Мицотакис, акцентот бил ставен на ситуацијата во Газа, како и случувањата во Сирија и Либан, а грчкиот премиер нагласил дека е неопходно итно прекинување на огнот во Газа, заштита на цивилите и преземање иницијативи во оваа насока.
Во однос на кипарското прашање, Мицотакис ги поздрави напорите на генералниот секретар за одново започнување и одржување на разговорите и изразил задоволство што Марија Анхела Холгин Куељар повторното беше назначена за личен претставник на генералниот секретар за кипарското прашање. ср/
Фото: Кабинет на грчкиот премиер