• недела, 22 декември 2024

Регионална конференција за род и безбедност во Скопје

Регионална конференција за род и безбедност во Скопје

Скопје, 7 март 2024 (МИА) - Во организација на Мисијата на ОБСЕ во Скопје во соработка со Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР) денеска и утре ќе се одржи регионална конференција за род и безбедност.

Конференцијата има за цел да ја олесни размената на искуства, добри практики и предизвици при унапредувањето на родовата еднаквост во рамките на органите за спроведување на законот во регионот на Југоисточна Европа.

Како што најавено, ќе се обратат претседателот Стево Пендаровски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје амбасадорот Килиан Вал и директорот на ОДИХР Матео Мекачи.

На конференцијата ќе присуствуваат претставници од полицијата, безбедносни агенции и полициски синдикати од Северна Македонија и регионот. мд/аа/

Фото: Фејсбук 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан