• сабота, 27 април 2024

Реал поднесе жалба против судијата кој не ги регистрира навредите кон Винисиус

Реал поднесе жалба против судијата кој не ги регистрира навредите кон Винисиус

Мадрид, 19 март 2024 (МИА) - Реал Мадрид поднесе жалба до Шпанската фудбалска федерација против главниот судија на натпреварот со Осасуна Хуан Мартинез Мунуера од 29. коло на Ла Лига.

Клубот од Мадрид излезе со официјално соопштение во кое велат дека побарале преглед на постапките на Мунуера. Според „Кралскиот клуб“, судијата намерно не ги забележал навредите упатени кон напаѓачот Винисиус и покрај тоа што тоа му го пријавиле други играчи на Реал Мадрид.

Реал поднесе жалба и до Државната комисија за борба против насилство, расизам, ксенофобија и нетолеранција во спортот.

За време на натпреварот кој го доби Реал со 4:2, навивачите на Осасуна скандираа „Винисиус, умри!“.

Бразилецот во победата на Реал учествуваше со два гола. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан