• сабота, 04 мај 2024

Медиуми: Ливерпул и Феенорд се договорија, Слот нов тренер на премиерлигашот

Медиуми: Ливерпул и Феенорд се договорија, Слот нов тренер на премиерлигашот

 

Лондон, 27 април 2024 (МИА) – Тренерот на холандски Феенорд, Арне Слот, ќе го предводи Ливерпул од следната сезона, пренесуваат англиските медиуми, наведувајќи оти е постигнат договор меѓу двете клупски раководства.

Слот на клупата на Ливерпул ќе го наследи Јирген Клоп, кој во јануари објави дека заминува од премиерлигашот на крајот на актуелната сезона.

Феенорд се согласил на отштета од 9,4 милиони фунти, а пред потпишувањето на договорот останува да се договорат деталите од соработката меѓу Слот и Ливерпул, објави Би-Би-Си.

Слот минатата сезона со Феенорд го освои холандскиот шампионат, а оваа сезона го освои холандскиот куп.

Англиските медиуми објавија дека клучните причини за изборот на Слот за нов тренер на Ливерпул се неговиот напаѓачки стил на игра и неговата способност да развива играчи. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан