• петок, 22 ноември 2024

Реал без Марсело и Куртоа на средбите со Манчестер сити и Еибар

Реал без Марсело и Куртоа на средбите со Манчестер сити и Еибар
Мадрид, 10 март 2020 (МИА) - Голманот на Реал, Тибо Куртоа и дефанзивецот на мадридскиот клуб, Марсело нема да можат да играат во наредните недели. И двајцата играчи се повредија на натпревар со Бетис (1:2), викендот во рамките на 27. коло од Ла Лига. Резултатите од медицинските прегледи потврдија дека Марсело и Куртоа нема да можат да учествуваат на натпреварите против Еибар (13 март од 28. коло од Ла Лига) и Манчестер Сити (17 март, реванш од осминафиналето во Лигата на шампионите). Од клубот не даваат прогноза за времето на закрепнување. Сепак, закрепнувањето на Куртоа може да се очекува да трае околу две седмици што значи дека тој ќе го пропушти и дуелот против Валенсија (21 март, 29. коло од Ла Лига). зс/

Остани поврзан