• сабота, 23 ноември 2024

Реакција од директорот на ТИРЗ Деспотовски на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ

Реакција од директорот на ТИРЗ Деспотовски на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ
Скопје, 8 ноември 2022 „Го поздравувам фактот дека политичката партија ВМРО ДПМНЕ посветила значајно време и ресурси во анализа на резултатите на ТИРЗ и Владата во делот на странските директни инвестиции. Ова е добар показател за нас дека сме на вистинскиот пат. Овие конкретни и практични резултати, носат директна придобивка за сите наши сограѓани, што верувам дека е односно треба да биде заедничка цел на сите политички субјекти. Новиот концепт на работење подразбира посветеност и одговорност за резултатите пред граѓаните, а не пред политичките партии. Во време на глобални економски предизвици најдобриот одговор се конкретни и мерливи ефекти за луѓето. Конкретно, над 2.000 нови работни места креирани само во последните 10 месеци. Растот на платите продолжува и над достигнатото ниво од декември 2021 година, кога за прв пат просечната плата во ТИРЗ го надмина просекот во националната економија за 3%. Растот на приходите во Буџетот (близу 2 милијарди денари само во 2021 година по однос на придонеси и персонален данок на доход) за 3 пати го надминува нивото на државна поддршка исплатено за компаниите. Тоа се три пати повеќе средства за надминување на последиците од енергетската и останатите предизвици со кои се соочуваме како економија. Фактот дека за помалку од две години постигнавме ниво на договори за нови инвестиции од над 620 милиони евра (или над 2/3 од обемот постигнат во целата измината декада) треба да не радува сите. Ова, особено што овие инвестиции, во чии рамки над 70% се на компании што за прв пат инвестираат во С.Македонија, креираат дополнителни близу 5.000 нови работни места. За нашите сограѓани обезбедуваме повисоки плати, за достоен живот. За да го избориме ова не се потребни политички програми и стратегии, туку треба да се платат соодветно за својот труд и вештини. За да се избориме за ова не се потребни нови политички програми, ниту стратегии, туку заедничка работа на институциите, но и на сите одговорни политички субјекти. Мојот човечки но и професионален концепт е дека ТИРЗ е отворена и широка платформа за сите добронамерни чинители. Јован Деспотовски, директор на ТИРЗ ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан