• недела, 14 јули 2024

Реакција на СДСМ на прес-конференција на Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ

Реакција на СДСМ на прес-конференција на Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ

Скопје, 25 октомври 2022 

ВМРО-ДПМНЕ функционира во нелегално стекнат имот, се што има нека достави до надлежните институцииВМРО-ДПМНЕ е партија симбол на криминал и незаконски стекнат имот.Белиот дворец од каде ВМРО-ДПМНЕ држи прес-конференции е нелегално стекнат имот потврден со судска пресуда во предметот Талир 2.Како не им е срам да држат прес-конференции во криминално стекнат имот кој е пред конфискација? Барем да излезеа од него ако имаа малку доблест.Нема поголема, подрска и покриминална,на шема отколку онаа за стекнување на белата палата на ВМРО-ДПМНЕ.Ако го веќе сака да зборува за нелегално стекнат имот, ВМРО-ДПМНЕ нека си погледне прво во сопствените редови.Со кој пријавен имот и на каков начин Никола Груевски живее во Будимпешта?На кој начин Сашо Мијалков го стекнал луксузниот имот кој го нудеше како гаранции при судските процеси?Се што ВМРО-ДПМНЕ има како информација за анкетните листови нека ги достави до Државната комисија за спречување корупција, наместо заради безидејност да ја замајува јавноста.

Центар за комуникации со јавност на СДСМ 

_______________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан