• понеделник, 23 декември 2024

Реакција на СДСМ на прес-конференцијата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ

Реакција на СДСМ на прес-конференцијата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ

Скопје, 25 јануари 2024 

Очаен е обидот на ДПМНЕ и Стоилковски со невистини и фабрикувани лаги да се напаѓа УЈП.

ДПМНЕ и Стоилковски не ја говорат вистината. 

Бидејќи УЈП нема извршено поврат туку фирмите за кои зборуваат имаат даночен долг за кои службите во УЈП постапиле. 

Дополнително,  по  констатираните состојби прибавените докази од извршените контроли се доставени до Управата за финансиска полиција за понатамошно постапување согласно нивните законски надлежности.

УЈП ниту вратила поврат, ниту дозволила незаконски постапки. Тоа е факт. 

Очаен е обидот на ДПМНЕ и Стоилковски со невистини и фабрикувани лаги да се напаѓа професионалната работа на УЈП.


 Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан