• сабота, 14 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Реакција на Општина Ѓорче Петров на соопштението на Левица

Реакција на Општина Ѓорче Петров на соопштението на Левица

Скопје, 11 април 2025 

Наместо да се вклучат во конструктивен дијалог, со изнаоѓање решенија, предлози и идеи кои ќе донесат добробит за граѓаните на Ѓорче Петров, фејсбук партијата „Левица“ во обид да ја дефокусира јавноста од нивната реална состојба на внатрепартиски распад и непреземање никакви конкретни чекори, повторно се служи со лаги.

Нивните манипулативни соопштенија се единствен начин името на партијата да се појави во јавност. Единствено безидејност и неосновани информации се она што во континуитет ја отсликува работата на Левица во Ѓорче Петров.

Во врска со соопштенето на Левица, цитираме “тој е на нова „службена“ тура во Минесота, САД. По кој знае кој пат, Стојкоски заминува надвор од државата на сметка на општинскиот буџет, додека во Ѓорче владее урбанистички и инспекциски колапс”, информираме дека градоначалникот Александар Стојкоски е на пат на целосно сопствен и личен трошок.

Доколку на Левица и станат приоритет барањата на граѓаните на Ѓорче Петров, наместо да бидат фокусирани само на собирање лајкови за фејсбук, конечно би направиле конкретен чекор за јавното добро. Соочени со безидејност, партијата која треба да биде коректив, дополнително создава хаос со неточни информации.

Општина Ѓорче Петров ги повикува претставниците на партијата активно да се вклучат во изнаоѓање нови модели кои на Ѓорче Петров ќе му донесат развој и просперитет. Би било одлично доколку ја следат динамиката која е наметната од страна на раководството на општината, и заеднички во иднина да работиме за модерно и урбано Ѓорче.

 

Општина Ѓорче Петров

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА архива и Општина Ѓорче Петров

Остани поврзан