• недела, 12 мај 2024

Реакција на министерот Лога на соопштението на Судскиот совет

Реакција на министерот Лога на соопштението  на Судскиот совет

28 ноември 2023 

Судскиот совет наместо да делува законски и да презема дејствија против незаконските постапувања на одредени судии и претседатели на судови, цело време неодговорно се бранат со јавна покана за учество на министерот на седници каде не може да присуствува заради препораките на ГРЕКО и законот.
Сите овие месеци откако ја презедов одговорноста да бидам носител на функцијата министер за правда, од нив имам побарано само да го почитуваат законот и ништо друго.

Во јавноста се силат дека се конструктивни, а во позадина чуваат предмети за да застарат.
Не може одговорен орган да има двојни аршини, за некој морков а за друг стап за доделување моќ.

Одредени членови на Судски совет се свесни дека е време да си заминат дома, а исто така е дојдено време и да одговораат за сите преземени дејствија во минатото што ќе биде санкционирано со новите измени на законот.

Одговорност мора да има и ќе има. Законот над сè и пред сè.
Имаат храброст да му се спротистават на министерот, а немаат грам храброст кога истите ставови се кажуваат и од меѓународните претставници.

Пoчитувани, одредени членови на Судски совет: Лицемерие не е вредност!

 

Министер за правда Кренар Лога 

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан