• недела, 22 декември 2024

Реакција на министерот за правда Кренар Лога за написите во некои медиуими

Реакција на министерот за правда Кренар Лога за написите во некои медиуими

Скопје, 29 февруари 2024

Пренесувањето  на дел од одговорот на прашања и констатираната состојба од страна на новинарот е злонамерен чин за пропаганда на сметка на предизборната кампања.

Идеолошкиот судир Запад-Исток, во ниту еден момент не смее да се претставува како судир меѓу албанците и македонците, а најмалку како нешто  кажано од моја страна.

Тоа што, општо е познато во нашата земја е дека во Северна Македонија има прогресивни европски сили и регресивни проруски струи.

Македонскиот и албанскиот народ ниту еднаш немале судир меѓу себе, ниту пак ќе имаат во иднина, што е докажано низ вековите. Политичкиот судир и дебатата меѓу политичките партии на албанците и македонците, не смее да се доведе во контекст на судир меѓу народите.

Проруските сили и нивната пропаганда за жал земаат простор и во медиуми, без да водат сметка за иднината на нашата држава.

 

Министерство за правда

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан