• недела, 22 декември 2024

Реакција на ДУИ на изјава на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски

Реакција на ДУИ на изјава на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски

7 декември 2024 

Иронично и неприфатливо е што Министерот за внатрешни работи, кој постојано покажува целосно отсуство на професионализам и кредибилитет, се осмелува да обвинува без основа и да се обидува да го пренасочи вниманието од неговите постојани неуспеси. Ова е истиот министер кој, ден пред да биде уапсен лице со ментална попреченост како автор на палењето на автомобилите во Куманово, јавно изјави дека има „оперативни податоци“ за високоорганизирана и софистицирана група што стои зад нападот. Како може да му се верува на министер кој докажа неспособност да се справи со едноставни ситуации и кој постојано шири невистинити информации?

Сега, истиот министер се осмелува да дава неодговорни изјави со вклучување на поранешен градоначалник од ДУИ во организацијата на инцидентите на Денот на знамето, без никакви конкретни докази, само за да ги прикрие неговите неуспеси во управувањето со јавната безбедност и драматичниот раст на криминалот во земјата. Ги потсетуваме граѓаните дека овој министер нема да се памети по безбедноста што ја обезбедил, туку по бројот на банди кои одзедоа животи во земјата за време на неговиот мандат.

Граѓаните не треба да бидат изманипулирани од вакви ниски манипулации. Фактите говорат сами за себе: овој министер покажува целосен неуспех да ја заштити безбедноста на граѓаните и да го зачува јавниот ред. Тој нема никаков кредибилитет да зборува за вакви прашања, а уште помалку да обвинува без основа луѓе кои немаат никаква поврзаност со овие настани.

Демократската унија за интеграција му упатува повик на Министерот за внатрешни работи веднаш да поднесе оставка, бидејќи ја изгуби довербата на граѓаните и кредибилитетот да раководи со одговорност во овој витален сектор за државата. Истовремено, бараме Собранието на Република Северна Македонија да ја поддржи иницијативата на ДУИ за интерпелација на овој министер и да преземе итни мерки за заштита на безбедноста и интересите на граѓаните.

Демократска унија за интеграција 

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

фото:МИА архива 

Остани поврзан