• вторник, 10 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција на СДСМ

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција на СДСМ

СООПШТЕНИЕ, Реакција на СДС

12.04.2025

СДС води тендер-демократија, нивното економско фијаско ја претвори државата во расадник на корупција

СДС е симбол на системска корупција и тендер “демократија“.

СДС е приватна фирма на неколкумина, а главното идеолошко определување се тендерите.

Дали СДС се свесни дека политиката не е маркетинг, и дека нивните “вредности“ се само добро спакувани интереси?

Она фијаско што тие го направија на државата сега излегува на површина преку нивната. Македонија со ВМРО-ДПМНЕ бележи стабилен економски раст, рекордни странски инвестиции.

ВМРО-ДПМНЕ докажа дека знае како да ја води економијата кон раст и стабилност со конкретни политики, дека економијата може да оди напред.

ВМРО-ДПМНЕ работи на зголемување на животниот стандард на граѓаните. Веќе е обележан раст на платите и пензиите. Што се однесува до платите на здравствените работници, истите го добија ветеното зголемување на платите од 2500 денари, заедно со зголемувањето во ноември минатата година, достигнато е зголемување од 4815 денари, додека пак за медицинските сестри платите се зголемија за 6200 денари.

ВМРО-ДПМНЕ не ги заборави ни просветните работници, платите на наставниците и професорите се зголемени за 5% во октомври минатата година, и секоја година ќе растат со тенденција за раст од минимум 46% во овој мандат до 2028 година. Кога станува збор за пензионерите, со мартовската пензија, веќе добија 2500 МКД линеарно зголемување.

ВМРО-ДПМНЕ доделува грантови на младите земјоделци како и поддршка во форма на кофинансирање за проекти за кои ќе аплицираат.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ работи на запирање на слободниот пад во економијата, а инфлацијата е намалена за 1,3%.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги реализира своите ветувања и работи во корист на граѓаните.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

фото: МИА архива 

Остани поврзан