• понеделник, 23 декември 2024

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Кастриот Реџепи

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Кастриот Реџепи
Скопје, 15 ноември 2021 Така изгледа уценет човек кој има многу противречности во својата приказна и човек на кој личниот интерес му е пред колективниот. Ако ДУИ и СДСМ се европската вредност во која Кастриот Реџепи верува тогаш Европска Унија ја боли глава од Кастриот, ДУИ и СДСМ. Кастриот Реџепи прво самоволно стави потпис за пад на владата на СДСМ и ДУИ, а потоа откако исчезна повеќе од 10 часа го смени ставот и ДУИ и СДСМ му станаа пример за вредности. Методите со кои СДСМ и ДУИ го премислија Кастриот ниту се демократски, ниту се европски, туку се режимски. Власта која Кастриот привремено ја спаси го изгуби легитимитетот да владее со Македонија и нивниот пад е неизбежен. Реалноста е дека граѓаните се одлучија за промени и затоа единствен излез од оваа криза и единствен спас за Македонија се брзи предвремени избори после кои ќе се формира стабилна влада која ќе ја извади Македонија од оваа безизлезна ситуација и ќе тргнеме напред. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ __________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан