• петок, 04 октомври 2024

Реакции на граѓаните поради редуцирано осветлување кај рекреативниот центар велешко езеро „Младост“

Реакции на граѓаните поради редуцирано осветлување кај рекреативниот центар велешко езеро „Младост“

Велес,15 март 2023 (МИА) - На рекреативниот центар езеро „Младост“ кај Велес веќе неколку месеци е редуцирано осветлувањето покрај патот и придружните објекти и улици во населбата кај велешко езеро „Младост“. Поради редуцираното осветлување  преку една светилка, како последица на тоа навечер е многу темно на што реагираат посетителите, рекреативците, сопствениците на ресторани и хотели, но и граѓаните од викенд - населбата кај велешкото езеро „Младост“.

Сите тие од Општина Велес бараат да го засили  уличното осветлување, а посебно на некои од локациите: на паркингот, и инклузивното детското игралиште и покрај главниот пат,  а каде после 18 часот навечер е многу темно.

Посетителите се жалат дека поради редуцираното осветлување им е оневозможен престој во овој рекреативен центар во попладневните часови, а посебно за време на викендите, кога масовно е посетено не само од велешани туку и од граѓани на Скопје, Куманово, Прилеп и други места. како и гости од соседна Србија и други земји.

Од Општина Велес информираат дека редуцираното осветлување на рекреативниот центар езеро „Младост“ е согласно Владината одлука за штедење на електрична енергија. ад/ев/

Фото: МИА Архива 

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан