Рајс и Москера се повредија на натпреварот против Брентфорд
- Тренерот на Арсенал, Микел Артета, зборуваше за повредите на Деклан Рајс и Кристијан Москера по победата од 2:0 над Брентфорд остварена синоќа во 14. коло од Премиер лигата.
Лондон, 4 декември 2025 (МИА) – Тренерот на Арсенал, Микел Артета, зборуваше за повредите на Деклан Рајс и Кристијан Москера по победата од 2:0 над Брентфорд остварена синоќа во 14. коло од Премиер лигата.
- Сè уште не знаеме колку се сериозни повредите. Ќе мора да почекаме на резултатите од тестовите. Тие мораа да се повлечат од играта, што е секогаш лошо. Ќе видиме, изјави Артета за „Би-би-си“.
Дваесет и едногодишниот Москера беше заменет во 44. минута, а 26-годишниот Рајс беше заменет кон крајот на второто полувреме.
Арсенал е лидер на табелата во Премиер лигата со 33 бода. Брентфорд е на 12. место со 19 бода. зс/
Фото: ЕПА