• среда, 10 јули 2024

Расчистени три тешки кражби во Битолско

Расчистени три тешки кражби во Битолско

Скопје, 19 ноември 2023 (МИА) - Полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола, денеска во Битола ги лишиле од слобода битолчаните Г.В.(45), З.М.(22) и Н.М.(18),  поради основано сомнение дека извршиле тешки кражби на подрачјето на градот. 

- Г.В. се сомничи дека извршил две тешки кражби во викенд куќи на подрачјето на битолското село Цапари, од каде одзел разновиден алат и муниција, додека З.М. и Н.М. се сомничат дека во село Долно Српци, Битолско, извршиле тешка кражба, одземајќи предмети во сопственост на правен субјект, соопшти Министерството за внатрешни работи. 

Приведените во целост ги признале кривичните дела, а пронајдени се и одземените предмети и ќе бидат вратени на сопствениците.

-По целосно документирање на случајот, против трите лица ќе биде поднесена соодветна пријава, наведува МВР. хс/ цр

Фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан