• недела, 22 декември 2024

ЦУК: Пожарот кај Оризари изгасен, а кај Грнчиште ставен под контрола, нема опасност од проширување кон населби

ЦУК: Пожарот кај Оризари изгасен, а кај Грнчиште ставен под контрола, нема опасност од проширување кон населби

Скопје, 11 јули 2024 (МИА) – Од Центарот за управување со кризи информираат дека пожарот којшто гореше речиси цели два дена во пределот кај с.Оризари во Општина Велес е целосно изгасен, додека пожарот во с. Грнчиште во Општина Градско е ставен под контрола и нема опасност од проширување.

– Пожарот којшто гореше речиси цели два дена во пределот кај с.Оризари во Општина Велес е целосно изгасен. Пожарите кај селата Црквино и Грнчиште, поточно пожарот кој започна кај с.Црквино, од Општина Велес и се префрли кон с.Грнчиште, во Општина Градско е ставен под контрола, нема опасност од проширување и загрозување на населби и објекти., соопштуваат од ЦУК.

Попладнево ЦУК информираше дека во справувањето со пожарот кој горел во близина на куќите во селото, учествувале тројца пожарникари со едно ПП возило од Велес и мештаните кои самоорганизирано на терен помагале во справувањето. ра/са/

Фото: ЦУК

 

Остани поврзан