Расчистени повеќе диви депонии во општините Сарај, Карпош, Центар, Бутел и Чаир
- Во текот на изминатото деноноќие, екипите на ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје реализирале вонредни активностите за расчистување на повеќе обемни диви депонии во скопските општини Сарај, Карпош, Центар, Бутел и Чаир.
Скопје, 4 октомври 2024 (МИА) - Во текот на изминатото деноноќие, екипите на ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје реализирале вонредни активностите за расчистување на повеќе обемни диви депонии во скопските општини Сарај, Карпош, Центар, Бутел и Чаир.
Како што соопшти ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје, во општината Сарај е интервенирано во спортско-рекреативниот центар „Матка“, каде се отстранети приближно 15 кубни метри непрописно одложен кабаст и мешан комунален отпад.
Подигнати се и 50 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани на улиците „Војвода Васил Чакаларов“ и „Брадфордска“ во општина Карпош, „Народен фронт“ во општина Центар, „Боро Менков“ и „Костурска“ во општина Бутел и на улиците „Цветан Димов“, „Втора македонска бригада“ и „Македонско-косовска бригада“ во скопската општина Чаир. мд/дма/
Фото: ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје