• понеделник, 30 септември 2024

Расчистени диви депонии во Бутел и Чаир

Расчистени диви депонии во Бутел и Чаир

Скопје, 30 септември 2023 (МИА) - Eкипи на ЈП Комунална хигиена-Скопје vо текот на изминатиот викенд подигнале и транспортирале приближно 130 кубни метри отпад од неколку диви депонии лоцирани во скопските општини Бутел и Чаир.

Отстранети се  40 кубни метри отпад од обемна дива депонија лоцирана на улицата „Боца Иванова“, на последната постројка на автобусот 59, во непосредна близина на градските гробишта Бутел, соопшти ЈП Комунална хигиена-Скопје.

Се интервенираше и на улиците „Ресенска“, „Струмичка“, „Вуковарска“, „Цветан Димов“ и „Џон Кенеди“ во општината Чаир, каде што се отстранети приближно 90 кубни метри непрописно одложен отпад.

Активностите за расчистување на дивите депонии во општините Бутел и Чаир ќе продолжат и во текот на денешниот ден.са/дма/

Фото: ЈП Комунална хигиена-Скопје

Остани поврзан