• петок, 22 ноември 2024

Расчистена кражба во кавадаречко

Расчистена кражба во кавадаречко
Скопје, 25 ноември 2022 (МИА) - МВР информира дека вчера, во 09:10 часот, во ОВР Кавадарци бил извршен службен разговор со Д.И.(26) од село Возарци, кавадаречко, кој се сомнички дека ограбил соселанец додека бил кај него на гости. - Д.И. се сомничи дека на 23 ноември оваа година, околу 21:30 часот, додека бил на гости кај 48-годишен маж од село Возарци, одзел паричник со 65.000 денари и лични документи. Дел од одземените пари и документи биле пронајдени и вратени на сопственикот, соопштуваат од МВР. По целосно документирање на случајот против него ќе следи соодветна пријава.ир/дма/

Остани поврзан