• петок, 22 ноември 2024

Расел најбрз на првиот тренинг во Мајами

Расел најбрз на првиот тренинг во Мајами

Мајами, 6 мај 2023 (МИА) – Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, синоќа забележа најдобро време на првиот тренинг пред неделната трка во Формула 1 за Големата награда на Мајами.

Расел го извозе најбрзиот круг за 1:30, 125 минути што беше за 0.211 секунди побрзо од неговиот клупски колега Луис Хамилтон, кој тренингот го заврши на второто место.

Меѓу првите пет се најдоа и Шарл Леклер (+0.324), Макс Ферстапен (+0.424) и Карлос Саинц (+0.599).

Тренингот на кракот беше прекинат со истакнување црвено знаме откако Нико Хулкенберг удри со болидот во заштитниот ѕид. ег/паг/

Фото: Твитер

Остани поврзан