• сабота, 23 ноември 2024

Ранливи категории кумановци да аплицираат за субвенции за сметките за вода и смет

Ранливи категории кумановци да аплицираат за субвенции за сметките за вода и смет

Куманово, 6 јуни 2023 (МИА) - Огласот за субвенционирање на трошоци за комунални услуги за оваа година е во тек, информираа на денешната прес-конференција надлежните од Секторот за социјална заштита од Општина Куманово. Заинтересираните категории граѓани имаат можност да аплицираат до 20-ти јуни годинава. Општината ќе ги покрие трошоците за сметки за вода и за смет.

-Согласно програмата предвидено е поволноста да ја користат 450 лица. Но, со оглед дека бројот не е целосно исполнет, односно во моментов ја користат над 370 лица, повторно се повикуваат заинтересираните кои ги исполнуваат критериумите да поднесат барања. Право на субвенционирање можат да остварат самохрани родители, стечајни работници, згрижувачки семејства, деца без родители и родителска грижа, лица со попреченост со навршени 26 години, најдоцна до 65 годишна возраст, приматели на право на социјална сигурност за стари лица, односно над 65 години, изјави раководителот на секторот, Александар Крстевски.

Со оглед дека бројот на предвидени корисници во програмата за социјална заштита на Општина Куманово за 2023 година, за категоријата материјално и станбено необезбедени лица-корисници на гарантирана минимална помош (ГМП) не е целосно исполнет, се повикуваат заинтересираните лица кои ги исполнуваат критериумите да поднесат барање.Кумановци можат да ги разгледаат документите и да ги преземат барањата на општинската веб-страница или лично во канцелариите на општината. ам/дма/

Фото:МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан