• среда, 03 јули 2024

Рама: Горди сме што и служиме на Италија, ако договорот за мигрантите е грешка тоа е грешка направена од срце

Рама: Горди сме што и служиме на Италија, ако договорот за мигрантите е грешка тоа е грешка направена од срце

Тирана, 5 јуни 2024 (МИА) - Горд сум на Албанија која може да и служи на Италија, која многупати беше во служба на нашата земја. Ако имаме можност да и служиме, тогаш да ја искористиме оваа можност и да го направиме тоа со срце и со убедување дека морето меѓу Италија и Албанија не е простор што не разделува, туку не обединува, изјави албанскиот премиер Еди Рама на заедничката прес-конференција со неговата италијанска колешка Џорџа Мелони, која денеска е во посета на прифатните центри за мигранти во Албанија.

Од Шенѓин, каде е приемниот центар за мигрантите, Рама додаде дека Италија е „наш застапник во Брисел ,а да ја имаме честа да бидеме корисни денес е нешто што го гледаме како благослов“.

-За нас овде не е релевантна бојата на политичките сили кои управуваат со Италија. Ова треба да го разберат моите пријатели од италијанската левица. Италијанската влада беше и ќе биде влада на земја која не поврзува со многу посебно пријателство и стратешки сојуз кој сакаме да го зајакнеме. Ако италијанската влада направи грешка, ние учествуваме во таа грешка, без никакво двоумење, оцени Рама.

Премиерката Мелони искажувајќи голема благодароност до Рама за искрената поддршка во справувањето со мигрантите, најави дека центрите ќе почнат да функционираат од први август, оценувајќи притоа дека се отвора нова фаза за управување со мигрантскиот тек, а „договорот меѓу Италија и Албанија, како пример треба да го земе ЕУ“.

-Имаше коментари и за времето на изградба на ценрите, а не обвинија дека сме подговтувале центар како Гвантанамо, а потоа не критикуваа за доцнење. Убедена сум дека работите ќе се решат. Отворена е нова фаза за управување со имигрантскиот тек. Може да им служи за прмер и на други земји. Сакаме се да оставиме зад себе и да им кажеме дека тоа ќе го направиме успешно. Доцнењето од два месеца се должи на малку тешкиот терен во Ѓадр, но овие центри ќе бидат во служба на проблемот кој трае од 1991 година, рече меѓу другото Мелони.

Премерот Рама видно револтиран од последните истражувачки стории на РАИ3 во кои Албанија е претставена како наркодржава со вмешаност на највиските функционери, рече дека во италијанските медиуми се кажуваат само полувистини за Албанија со единствена цел да се нападне имигрантскиот договор, додавајќи дека во неговата земја не постојат криминални кланови, како што тоа сакаат да го прикажат италијанските медиуми.

Во негова одбрана и Мелони посочувајќи дека „Рама не направи ништо освен што ни помогна, тоа е кампања против него, за неговото оцнување“.

Мелони на пладне пристигна на аеродромот во Тирана, каде беше пречекана од вицепремиерката Белинда Балуку, по што со хеликоптер го продолжи патот за Шенѓин, каде заедно со Рама го разгледаа приемниот центар каде работите се целосно завршени, а потоа и прифатниот центар во Ѓадр.

При пристигнувањето во Шенѓин, Мелони беше пречекана со протест на група граѓани кои се противат на подигањето на центрите, кои држеа транспарент на кој пишуваше април 1939 (денот на италијанската окупација на Албанија“ и неколку зборови искажани од Мусолини. Тие беа приведени од полицијата. вт

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан