• среда, 24 април 2024

Рама во тридневна посета на Велика Британија, имигрантите во фокусот на средбата со Сунак

Рама во тридневна посета на Велика Британија, имигрантите во фокусот на средбата со Сунак
Тирана, 22 март 2023 (МИА) - Албанскиот премиер Еди Рама денеска ќе отпатува за Лондон, каде ќе престојува во тридневна официјална посета.

-Рама ќе го пречека неговиот колега Риши Сунак, со кого ќе се сретне за првпат. Двајцата шефови на влади претходно имаа телефонски разговор за прашањето на илегалните албански имигранти, а разменија и реплики преку странските
медиуми. Британските министри ги нарекоа Албанците криминалци, а нашата влада го осуди јазикот што го користи официјален Лондон, испраќајќи вербална нота преку амбасадорот, јави abcnews.al.

Рама ја нарече дискусијата во британскиот Парламент како внатрешен неуспех на Владата да управува со границите, додека Британците објавија бројки дека Албанците се на врвот на листата на тие кои влегуваат на островот со гумени чамци преку Ла Манш.

-Сега Рама и Сунак ќе се сретнат лице в лице за да разговараат за британската политика за враќање на илегалните имигранти и спроведувањето на билатералниот договор за нивна репатријација. Заедничката борба против
организираниот криминал ќе биде дел од разговорите, како и во секој случај, ќе се разговара за зајакнување на економската размена и поддршката во надворешната политика, посочува телевизијата.

Според британските власти, минатата година на британско тло илегално влегле околу 15 илјади албански граѓани, главно млади, од севернот дел на Албанија. вт/рп/

Остани поврзан