Ракети истрелани врз градот Бершеба
- Сирените денеска се огласија во израелскиот јужен град Бершеба, а потоа се слушнаа неколку експлозии

Тел Авив, 10 мај 2024 (МИА) – Сирените денеска се огласија во израелскиот јужен град Бершеба, а потоа се слушнаа неколку експлозии.
Засега нема информации за евентуални човечки жртви и причинета материјална штета од ракетниот напад.
Последен пат сирените во Бершеба се огласија на 14 април за време на иранскиот ракетен напад. ми/
фото: МИА архива