• среда, 15 мај 2024

Ракетен напад врз Израел, сирените вклучени во Тел Авив

Ракетен напад врз Израел, сирените вклучени во Тел Авив

Тел Авив, 21 декември 2023 (МИА) - Сирените за тревога денеска се огласија во Тел Авив по нападот со ракети врз Израел. 

Во моментов нема информации за можни жртви или причинета материјална штета.

Конфликтот меѓу Израел и Хамас започна на 7 октомври кога членовите на милитантната организација Хамас го нападнаа јужниот дел на Израел, убивајќи 1.200 луѓе, главно цивили, а киднапирајќи околу 240 луѓе.

Израел потоа почна моќна воена кампања за уништување на милитантното движење Хамас во Појасот Газа.

фото: ЕПА

Остани поврзан