• недела, 22 декември 2024

Раиси - Макрон: Војната ќе се прошири доколку не престане  израелската опсада на Газа

Раиси - Макрон: Војната ќе се прошири доколку не престане  израелската опсада на Газа

Техеран, 15 октомври 2023 (МИА) - Иранскиот претседател Ебрахим Раиси, денеска, во телефонски разговор со францускиот претседател Емануел Макрон, предупреди дека војната ќе се прошири доколку не престане израелската опсада на Појасот Газа, објавија иранските државни медиуми.

-Ситуацијата ќе се искомплицира... доколку не се запрат злосторствата на ционистичкиот режим, вклучително и убиствата на луѓе и блокадата на Газа, рече Раиси.

Иранскиот претседател не го спомна нападот на Хамас на 7 октомври од Газа врз јужниот дел на Израел, што ја предизвика последната војна, пишува „Тајмс оф Израел“, наведувајчи дека Иран долго време беше поддржувач на оваа палестинска терористичка организација.

За време на разговорот, Макрон го предупредил Раиси дека Иран треба да избегне каква било активност што може да доведе до ескалација или проширување на конфликтот меѓу Израел и Хамас и да направи се што е можно за да го избегне тоа, соопшти кабинетот на Макрон, пренесен од британските медиуми.

Макрон, пренесе неговиот кабинет, му кажал на Раиси дека Иран, со оглед на неговите односи со Хезболах и Хамас, има одговорност во врска со можното ширење на конфликтот, особено во Либан.

„Иран мора да стори сé што е можно за да избегне регионално разгорување на конфликтот“, изјави Макрон. сд/

Остани поврзан