• понеделник, 16 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Радукану го отпушти тренерот што ја доведе до победа на УС Опен

Радукану го отпушти тренерот што ја доведе до победа на УС Опен
Лондон, 25 септември 2021 (МИА) – Осумнаесетгодишната тенисерка Ема Радукану, која стана суперѕвезда по сензационалната победа на УС Опен, објави крај на соработката со тренерот Ендрју Ричардсон, кој и помогна да триумфира во Њујорк. Тренерот беше ангажиран за да работи за летната серија турнири, и во моментов, Радукану нема планови за продолжување на соработката со него. -Во оваа фаза од мојата кариера, ми треба некој со искуство за работа на турнири во ВТА ​​на највисоко ниво, објасни тенисерката која кон средината на август беше рангиран на 150. место на светската ранг-листа и не можеше да се квалификува за учество на големи натпревари без поминување на тешки квалификации. Сега Радукану е 22. во рејтингот и добредојден учесник на секој турнир. зс/

Остани поврзан