• вторник, 24 декември 2024

Раб: Британија е во деликатна и опасна фаза на епидемијата

Раб: Британија е во деликатна и опасна фаза на епидемијата
Лондон, 26 април 2020 (МИА) - Велика Британија е во деликатна и опасна фаза од епидемијата на коронавирусот и нема да добие вакцина до следната година, изјави денеска заменик премиерот Доминик Раб. На последниот ден на функцијата заменик на Борис Џонсон, министерот за надворешни работи за Скај Њуз рече дека не е „одговорно“ да се изнесуваат начини на кои можат да се олеснат мерките. Тој сепак наговести дека луѓето кои пристигнуваат во земјата мора да бидат приморани на карантин во траење од две недели - максимално време кое е потребно пред некој што е заразен со вирусот да почне да покажува симптоми. - Тоа е нешто кон што одиме додека преминуваме на втората фаза, рече Раб. Британската Влада е под голем притисок да ги ублажи строгите мерки за социјално дистанцирање, поради загриженоста што и се нанесува на економијата. Новиот лидер на лабуристите, Сер Кејр Стармер, ги повика министрите да објават стратегија за излез и да го следат примерот на другите земји во „искрени разговори со јавноста за тоа како би моѓеле да изгледаат новите аранжмани". Раб го отфрли предлогот велејќи: „Мораме да бидеме сигурни дека следните чекори се сигурни, поради шти постапуваме многу внимателно. јт/

Остани поврзан