• петок, 21 февруари 2025

Земјотрес во Фукушима

Земјотрес во Фукушима

Токио, 22 јануари 2025 (МИА) – Земјотрес со јачина од пет степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди јапонската префектура Фукушима и околните области, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.

Земјотресот се случи во 2:49 часот по локално време во градот Хиноемата и во многу други области во префектурата, како и во префектурите Точиги и Гунма, се вели во соопштението, пренесе агенцијата Кјодо.

Земјотресот се случил на длабочина од 10 километри под областа Аизу во Фукушима.

Засега нема информации за штети и повредени.

Остани поврзан