• сабота, 02 ноември 2024

Работна посета на хрватската амбасадорка Тигањ во Општина Берово

Работна посета на хрватската амбасадорка Тигањ во Општина Берово

Берово, 1 ноември 2024 (МИА) - Хрватската амбасадорка Нивес Тигањ денеска престојува во работна посета на Општина Берово. На заедничката средба која ја оствари со градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски, биле разгледани повеќе теми и области за соработка.

-Беше потенцирана поддршката која што Хрватска ја дава за евроинтеграцискиот пат на Македонија. Разговаравме за можноста за соработка во повеќе области а беа изнесени и предлози за подобрување и продлабочување на истата, информираше градоначалникот на Берово.

Во периодот што следи, тој очекува дел од изнесените предлози да добијат конкретна форма и соработката да биде продлабочена со поголема поврзаност меѓу Берово и Хрватска.

-Се надевам дека нашата соработка ќе продолжи со реализација на зеднички проект, кој  ќе го подобри животот на нашите граѓани, додаде Пекевски.

Во рамки на посетата заеднички го посетија Музејот на град Берово, како и туристичката населба Беровско Езеро. вс/бт/

Фото: МИА

Остани поврзан