• недела, 22 декември 2024

Пуштен во употреба СТБ Детски велодром

Пуштен во употреба СТБ Детски велодром

Скопје, 15 ноември 2024 (МИА) - Во паркот Сарај денеска е пуштен во употреба СТБ Детски велодром. Се простира на површина од 1.500 метри квадратни, како спортско-рекреативна содржина и нова локација атрактивна за љубителите на спортот во Скопје, информира Град Скопје.

- За сите млади, за љубителите на спортски активности со велосипеди, ролери и скејтборд, достапен е велодромот каде ќе можат да уживаат во новите забавни содржини. Ја поздравуваме континуираната заложба на Стопанска банка Скопје, која во рамки на кампањата „Вози право, вози здраво“ како дел од своите општествено одговорни активности заедно со Град Скопје, реализираше уште еден проект значаен за граѓаните, се вели во соопштението.

Новиот велодром на децата и младите ќе им овозможи да учат возење велосипед и да се едуцираат во безбедна средина. Како проект на Стопанска банка Скопје, како што се наведува, е реализиран со јавните претпријатија „Паркови и зеленило“ и „Улици и патишта“ и е резултат на повеќегодишната соработка на Град Скопје со Стопанска банка како општествено одговорна компанија. мд/aa/

Фото: Град Скопје 

 

Остани поврзан