Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ на дводневна политичка академија „Зајакнување на капацитетите на локалната самоуправа“
- Градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Крушево учествуваат на дводневна политичка академија, насловена - „Зајакнување на капацитетите на локалната самоуправа“ во соработка помеѓу Партискиот истражувачки и аналитички центар „Љубиша Георгиевски“ и Фондација Конрад Аденауер.

Скопје, 11 април 2025 (МИА) - Градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Крушево учествуваат на дводневна политичка академија, насловена - „Зајакнување на капацитетите на локалната самоуправа“ во соработка помеѓу Партискиот истражувачки и аналитички центар „Љубиша Георгиевски“ и Фондација Конрад Аденауер.
На почетокот на политичката академија свои обраќања имаа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Даниел Браун, официјален претставник на Фондација Конрад Аденауер и Светислав Васев, раководител на ПИАЦ на ВМРО-ДПМНЕ - „Љубиша Георгиевски".
Мицкоски во обраќањето кажа дека локалната самоуправа е во постојан контакт со граѓаните, и дека истата треба да е во постојан дослух со потребите на граѓаните и нивните барања. Тој потенцираше дека градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ покажале како треба да се раководат општините, и да се работи за граѓаните.
Во рамки на своето обраќање официјалниот претставник на Фондацијата Конрад Аденауер, Даниел Браун истакнал дека локалната политика е првата инстанца каде граѓанинот доаѓа во контакт со државата.
- Затоа е важно соодветно да се одговори на потребите и да се делува во насока на граѓанинот. Семинарот во организација на фондацијата Конрад Аденауер и ПИАЦ Љубиша Георгиевски ќе понуди добри примери од праксата и се надеваме дека истите ќе бидат интересни и ќе предизвикаат дискусии, рекол тој, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Во првиот дел се дискутирало за стратегиите за ефикасно управување и зајакнување на капацитетите на локалната самоуправа како двигател на развојот, како и организациски, комуникациски и стратешки пристап за поефикасна локална самоуправува и комуникација со граѓаните.
Академијата продолжува и утре со вториот дел на која ќе се дискутира за лидерство и комуникациски вештини во политиката кои подразбираат разбирање на потребите и грижите на граѓаните и луѓето околу вас, како и промовирање и запознавање на граѓаните со извршени и идни планирани проекти во општините, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. ев/са/
ФОТО: ВМРО-ДПМНЕ