Путин очекува Орбан да зборува од името на Европа за Украина
- Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска изјави дека очекува унгарскиот премиер Виктор Орбан да зборува за Украина како претседавач со ЕУ, и покрај критиките за неговата посетата од лидерите на ЕУ
![Путин очекува Орбан да зборува од името на Европа за Украина](https://mia.mk/images/20240705132927_big_730x400_48.webp )
Москва, 5 јули 2024 (МИА) – Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска изјави дека очекува унгарскиот премиер Виктор Орбан да зборува за Украина како претседавач со ЕУ, и покрај критиките за неговата посетата од лидерите на ЕУ.
- Разбирам дека сега дојдовте не само како наш долгогодишен партнер, туку и како претседател на Европскиот совет, истакна Путин на почетокот на средбата со Орбан во Москва.
Тој додаде дека очекува Орбан да ја изнесе „позицијата на европските партнери“ за Украина. ми/
фото: ЕПА