Путин го информираше јужноафриканскиот колега за главните резултати од руско-американскиот самит во Алјаска
- Рускиот претседател Владимир Путин ги разгледа главните резултати од руско-американскиот самит во Алјаска со јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса по телефон,објавија руските медиуми, повикувајќи се на Кремљ.
Москва, 18 август 2025 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин ги разгледа главните резултати од руско-американскиот самит во Алјаска со јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса по телефон,објавија руските медиуми, повикувајќи се на Кремљ.
Во соопштението се наведува дека Рамафоса изразил поддршка за дипломатските напори што се преземаат за мирно решавање на кризата во Украина.
Средбата во петокот меѓу Путин и неговиот американски колега Доналд Трамп во Алјаска траеше речиси три часа. Руската страна ја претставуваа претседателскиот помошник за надворешни работи Јуриј Ушаков и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, додека американската страна ја претставуваа државниот секретар Марко Рубио и специјалниот пратеник на Трамп, Стивен Виткоф. мс/
фото: ЕПА архива