• петок, 20 декември 2024

Пукање во средно училиште во американската држава Ајова, има застрелани

Пукање во средно училиште во американската држава Ајова, има застрелани

Вашингтон, 4 јануари 2024 (МИА) -  Повеќе лица се застрелани во средното училиште Пери, изјави шерифот на округот Далас, Адам Инфанте на прес-конференција. Полицијата го идентификувала напаѓачот, но не соопштува повеќе детали за пукањето во тоа средно училиште што се наоѓа во американската држава Ајова.

Силно полициско и медицинско присуство има околу гимназијата, на околу 60 км северозападно од центарот на Де Моин во округот Далас, јавија американските медиуми. зш/

 

Остани поврзан