• сабота, 23 ноември 2024

Птичји грип откриен во говедско месо од болна млечна крава во САД

Птичји грип откриен во говедско месо од болна млечна крава во САД

Вашингтон, 25 мај 2024 (МИА) - Вирусот на птичји грип е пронајден во говедско месо во САД, но официјални лица изјавија дека месото потекнува од една болна млечна крава и дека не било дозволено да се најде во продавниците во земјата, соопшти американското Министерство за земјоделство.

Надлежните прецизираат дека говедското месо останува погодно за консумирање.

Министерството соопшти дека вирусот бил откриен за време на тестирањето на 96 млечни крави кои биле извадени од производната линија бидејќи федералните инспектори забележале знаци на болеста при рутински прегледи на трупови во погоните за преработка на месо. Птичји грип е пронајден само кај една од овие крави.

Птичјиот грип е пронајден во стадата млечни говеда во девет држави, откриен е во млеко и предизвика уништување на милиони кокошки и мисирки. Сепак, неговото откритие во говедско месо е новост за епидемијата што започна во 2022 година. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан