• вторник, 23 јули 2024

Прскање против комарци утревечер во Струга

Прскање против комарци утревечер во Струга

Струга, 23 мај 2024 (МИА) - На територијата на општина Струга утре и в сабота ќе се врши теристичка и аеросолна дезинсекција против комарци.

Општинската прес-служба информира дека запрашувањето од земја ќе биде од 22 часот во петок, до 6 часот следното утро, со апарат за УЛВ ладно запрашување.

- Се молат пчеларите и пчеларските задруги да превземат соодветните мерки за заштита на пчелите, стои во информацијата на Општина Струга.

Во случај на неповолни временски услови, ветар или дожд, посочуваат дека дезинсекцијата ќе се одложи за следниот поволен ден. сс/са/

Фото Општина Струга

Остани поврзан