• четврток, 26 март 2026

Прочистувачи за воздух за осум основни училишта во Охрид

Прочистувачи за воздух за осум основни училишта во Охрид

Охрид, 6 август 2025 (МИА) – Основните училишта во Општина Охрид добија прочистувачи на воздух, дел од владината програма за подобрување на квалитетот на воздухот во образовните установи.

Со набавената опрема ќе се намалуват критичните концентрации на штетни честички, како што се PM10 и PM2.5 во образовните установи, што инаку претставуваат сериозни закани по здравјето на учениците.

Осум основни училишта ќе добијат напредни системи за прочистување на воздухот, наменети за елиминација на вируси, бактерии и микроорганизми, создавајќи безбедна средина за учење и работа во училишните објекти.

Овој проект значително ќе придонесе за подобрување на условите за настава и намалување на ризиците од аерозагадувањето, особено за учениците, соопштуваат од Општина Охрид. аб/дма/

Фото: Општина Охрид

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан