• сабота, 21 декември 2024

Проф. д-р Ангелова на првиот академски час на УКИМ: Ова е средина каде се зацврстува и унапредува научната мисла

Проф. д-р Ангелова на првиот академски час на УКИМ: Ова е средина каде се зацврстува и унапредува научната мисла

Скопје, 1 октомври 2024 (МИА) - Универзитетот св Кирил и Методиј во Скопје бил и ќе остане средина каде се зацврстува и унапредува научната мисла. Сега стоите на прагот на бескрајните можности. Одлуките што ги правите, ќе го обликуваат не само вашиот академски развој, туку и патот по кој ќе се движите во животот, потенцираше ректорката на УКИМ, проф. д-р. Биљана Ангелова. 

Таа им упати порака да ги прифатат сите можности кои им се нудат, нагласувајќи дека започнуваат ново патување исполнето со возбуда, можности, предизвици и раст. 

-Одлуките што ги правите, ризиците што ги преземате и издржливоста на која ќе се научите, ќе го обликуваат не само вашиот академски развој, туку и патот по кој ќе чекорите низ животот надвор од овие згради. Ние сме тука за да ве поддржиме, да ве водиме и да ги следиме и славиме вашите големи и мали успеси. Патот кој е пред вас може да биде исполнет со подеми и падови, но знајте дека не сте сами на ова патување. Имате заедница која верува во вашиот потенцијал и е посветена да ви помогне да успеете, нагласи ректорката при обраќањето.

На првиот академски час се обратија и претседателката Гордана Сиљановска Давкова и премиерот Христијан Мицкоски, кои се универзитетски професори.

Премиерот Мицкоски истакна дека Владата работи на конкретни проекти за поквалитетно образование. Планирано е значително модернизирање на инфраструктурниот капацитет на нашите универзитети.  - Започнуваме со обликување на проект за дигитализација на универзитетската администрација со цел да ги олесниме процесите на пријавување, запишување и оценување, рече Мицкоски. Додаде дека се промовира програмата за интернационална соработка и размена на студенти, па така, студентите и професорите ќе имаат повеќе можности за студирање и истражување во странски универзитети, со цел да се разменат искуства и да се применат најдобрите практики од светот во нашето образование.

Бруцошите на свеченоста беа информирани за текот на студиите, како и за студентските организации и поддржувачи на УКИМ кои ќе им бидат од голема корист во текот на студентскиот.

Универзитетот организираше и „УКИМска“ забава на која студенти од Факултетот за драмски уметности и Факултетот за музичка уметност ќе имааѕ свој настап. За музичката програма се задолжени Сиото Џез, Д Рингтонс, Пајак и Луна, како и студентскиот бенд УКИМЦИ. бт/ев/

ФОТО/ВИДЕО: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан