• сабота, 21 декември 2024

Протеинот - делотворно оружје во борбата против масните наслаги кај стомакот

Протеинот - делотворно оружје во борбата против масните наслаги кај стомакот

Скопје, 31 октомври 2024 (МИА) - Познато е дека намалувањето масти од стомакот е „една од најтешките цели“ во секојдневието. Сепак, има едно „тајно оружје“ во таа битка - протеините.

За разлика од јаглехидратите или мастите, протеинот го поттикнува човековото тело активно да работи на согорување на калориите, намалување на гладот ​​и одржување на брзиот метаболизам. Имено, со додавање повеќе протеини во исхраната, го претвораме своето тело во „машина за согорување маснотии“, пишува порталот „Кликс“. Следат неколку полезни својства на протеините во однос на „тврдоглавите“ масни наслаги.

Го намалуваат гладот и желбата за грицки доцна навечер

Протеините помагаат во стабилизирање на нивото на шеќер во крвта, спречувајќи неочекувана желба за слатки, чипс и други штетни закуски. Со одржување стабилен шеќер во крвта, протеинот управува и со здравата исхрана која спречува дебелеење и масни наслаги.

Протеините нѐ одржуваат сити подолго време

Како прилично заситувачка храна, протеините помагаат за подолго чувство на ситост. Со додавање храна со протеини во секој оброк - помала е веројатноста да посегнете по грицки или да се прејадете подоцна. Оваа природна контрола на апетитот е клучна за одржување на недостигот од калории и делотворно отстранување на салото од стомакот.

Градат мускулна маса на местото на маснотиите

При слабеење, клучно е да се зачува мускулната маса, бидејќи мускулите согоруваат повеќе калории отколку маснотиите. Протеините го поддржуваат одржувањето на мускулите, што го одржува метаболизмот и кога се губат маснотии. Диетата богата со протеини гарантира дека тежината што се губи - се маснотии, пред сѐ, вклучително и „тврдоглавото сало“ кај стомакот.

Храната богата со протеини е богата и со други хранливи материи

Помалку мрсното месо, јајцата, рибата и мешунките се преполни со есенцијални хранливи материи, за разлика од друга храна во секојдневниот избор, што содржи јагленохидрати. Овие намирници обезбедуваат одржлива енергија и го поддржуваат целокупното здравје, давајќи двојна корист - губење маснотии и воопшто подобра исхрана.  си/паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан