• сабота, 18 мај 2024

Пронајдени двете девојчиња од струмичко кои беа пријавени дека се изгубиле на екскурзија во Скопје

Пронајдени двете девојчиња од струмичко кои беа пријавени дека се изгубиле на екскурзија во Скопје

Скопје, 9 мај 2023 (МИА) - Двете девојчиња од Струмичко кои вчера беа пријавени дека се изгубиле на територијата на центарот на Скопје, се пронајдени синоќа околу 23.50 часот на бул. Борис Трајковски во Кисела Вода, соопшти МВР. 

-Веднаш по добиената пријава од страна на полициските службеници преземени се соодветни мерки и малолетничките се пронајдени, наведуваат од МВР.

Девојчињата на возраст од 12 и од 14 години беа пријавени вчера околу 16 часот во СВР Скопје, од страна на нивната наставничка која ги водела на еднодневна екскурзија. вг/

 

Остани поврзан