• понеделник, 13 мај 2024

Пронајдена дрога при претрес во Скопје

Пронајдена дрога при претрес во Скопје

Скопје, 13 март 2024 (МИА) - Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје вчера во 13:10 часот на подрачјето на Карпош ја лишиле од слобода Н.С.(51) од Тетово, со престој во Скопје.

Како што информира МВР, при претрес во нејзиниот дом, извршен со наредба на Основен кривичен суд Скопје, била пронајдена и одземена кафеава прашкаста материја.

Жената била задржана во полициска станица и по целосно документирање на случајот против  неа ќе биде поднесена соодветна пријава. мд/ац/

Фото: МИА архива

Остани поврзан