• сабота, 11 мај 2024

Промоција на романот „Од никаде со љубов“ од Ѓорѓи Матиќ

Промоција на романот „Од никаде со љубов“ од Ѓорѓи Матиќ

Скопје, 14 септември 2023 ( МИА) - Промоција на романот „Од никаде со љубов“ од Ѓорѓе Матиќ вечерва, во 19 часот, во конференциската сала на Јавна соба (Public Room), во организација на Српскиот културно-информативен центар - Спона.

За неговото творештво ќе говори  професорката Елизабета Шелева, а модератор ќе биде новинарот Иван Беќковиќ.

Еден од водечките регионални писатели, публицисти, преведувачи на нашето време, извонредниот Ѓорѓе Матиќ првпат ќе се претстави во Скопје. Роден е во Загреб во 1970 година, а по речиси три децении живот во егзил, сега живее во Пореч.

Во богатиот литерарен опус на Ѓорѓе Матиќ, освен споменатиот роман „Од никаде со љубов“, се и стихозбирките „Друг звук“ и „Шифрирано, биографија - нови и избрани песни“, како и есеите за музика „Тајни врски“ и збирка есеи за српската култура „Историја и современици“.

Исто така, тој  е член и на редакцијата на загрепското списание „Просвјета“, како  и соработник на магазинот „ОКО“ на Радио Телевизија Србија. љм/ир

Фото: Драган Мујан

Остани поврзан